Формула 1 го објави календарот за спринт трката за 2024 година

232

Патеките се одбрани според нивната конфигурација која овозможува претекнување и развивање на брзина. Организаторите одлучија календарот на Спринт викендите во Формула 1 за 2024 година да бидат по следниот редослед.

Првиот спринт е Шангај од 19 до 21 април, следува Мајами од 3 до 5 мај, па патеката Шпилберг во Австрија од 28 до 30 јуни.  Следните три трки се есеноска и тоа Остин (САД) од 18 до 20 октомври, Сао Паоло во Бразил од 1 до 3 ноември и Лусаил, Катар од 29 ноември до 1 декември.

Спринт трките се атракција за публиката, а тоа го покажуваат зголемените бројки во однос на гледаност. На пример за време на викендот во Азербејџан е забележан зголем број на публика за 83 отсто во однос на вториот слободен тренинг во 2022 година. Во САД изнесувало дури 139 отсто…

 

ПретходноРеакција од Шкупи за пеналот на Струга: Срам за судијата, што ако на крајот останеме без титула поради ова?
СледноКил ќе презими на врвот во Лигата на шампионите