Шокантно: Се прекинува првенството во Грција, судиите објавија бојкот!

435

Во битката за врвот во шампионатот во Грција се екипите на Панатинаикос со 31 бод, АЕК со 30, ПАОК со 29, Олимпијакос со 28 бода, но сепак не се знае кога ќе продолжи. Имено првенството се прекинува откако судиите објавија бојкот.

Грчките судии, и оние кои се ВАР судии често се цел на напади и тоа не само вербални туку и физички, па затоа тие не сакаат да ја работата својата работа се додека нештата во грчкиот фудбал не се поправат.

Добиваме закани, врз нас врши тортура напаѓани сме и физички и сетоа тоа не се санкционира. Затоа се одлучивме на ваков радикален потег“ се вели во дел од писмото кое беше објавено во јавноста.

Инаку минатиот месец во Атина беше нападнат судијата Андреас Гамарис, врз него хулиганите фрлија канта со бензин. Претходно негов колега добивал во неколку наврати смртни казни.

ПретходноАнгеловски: Е. Пелистер ќе биде максимално спремен, Загреб е одличен тим, но има и свои маани!
СледноПМФЛ: Уф, каков натпревар…Силекс со пресврт до триумф против Вардар, шампионот во 90+9.минута од пенал ја “скрши“ Воска!