“Бомба“ од Париз: Дали Катарците си заминуваат?! Договорена е продажба на ПСЖ!

7765

Дали полека, но сигурно катарските шеици си заминуваат од ПСЖ? Имено како што известуваат медиумите во Франција, па и во Европа, договорена била продажбата на 12% од клубот на американскиот инвестициски фонд “Arktos Partners“, засега не е познато по која цена, но со овој потег вредноста на клубот пораснала на 4,25 милијарди евра, што е нов рекорд кога станува збор за фудбалот.

Инаку овој фонд има свои акции во повеќе од 30 клубови, и тоа во НБА, НФЛ и МЛБ, интересно овој фонд има свои акции и во Ливерпул.

Насер Ал – Келаифи истакнал дека со овој договор ќе се направи пресврт во клубот и ќе се помогне во стручноста, идеите и развојот на клубот.

ПретходноДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk
СледноРафаел Надал емотивно: Веројатно ова е мојата последна сезона! (ВИДЕО)