Иако го одби саудиски Ал Ахли за да остане во Наполи, Полјакот Пјотр Зиелински се уште не добил предлог за нов договор со наполитанците. Како што пишува „Кориере дело Спорт“, фудбалерот веќе размислува за заминување од Неапол, затоа што од 1 јануари веќе ќе почне да ги собира понудите од другите клубови.
Во моментов според информации на весникот, сериозен интерес за 30-годишниот фудбалер има кај Јувентус и Интер. Тие чекаат Зиелински да влезе во последните 6 месеци од договорот со Наполи за да можат да преговараат за негов слободен трансфер во јуни. Се чини дека Полјакот преку својот агент веќе ставил граници за преговори, а тие се однесуваат на договор во времетраење од 3 или 4 сезони со годишна плата не помала од 5 милиони евра.