Ако е нешто сигурно во врска со Бојан Миовски, тоа е дека тој нема во блиска иднина да го облече дресот на Глазгов Ренџерс. Имено Абердин за Македонецот бара најмалку 6 милиони фунти, а таа сума била екстремно висока за Ренџерс, па како што известуваат медиумите во Шкотска, овој клуб се откажал од “трката“ по Македонецот.
Сега на потег е Селтик, исто така клуб од Глазгов, исто така гигант во Шкотска, кој имал намера да даде 4,4 милиони фунти за Бојан Миовски за трансфер уште во јануари.
Останува да се види каде и како ќе се најдат Абердин и Селтик во таа разлика од 1,6 милиони фунти.
Во секој случај ќе биде интересно.