Добра вест за Пеп: Сити добива големо засилување!

2255

Европскиот и англиски првак, тимот на Манчестер Сити е далеку од посакуваната форма. Синоќа на гостувањето кај Астон Вила, тимот на Пеп Гвардиола го одигра веројатно најслабиот меч откако е тој тренер, и не само поради поразот туку и поради фактот дека “граѓаните“ беа очајни.

Сепак за Пеп и за фановите на Сити има и добра вест, а таа е дека тимот добива големо засилување и тоа во името на Кевин Де Брујне, секако најдобриот играч на европскиот првак.

Тој е пријавен за настапот на Манчестер Сити за Светското клупско првенство кое почнува на 12 декември.

Де Брујне се повреди во август, беше подвргнат на операција и се очекуваше да се врати во јануари, но рехабилитацијата одела многу подобро од очекувањата па затоа тој се враќа еден месец порано.

ПретходноНаполи и Зиелински се уште без договор, Јуве и Интер чекаат шанса за слободен трансфер
СледноМеси потврдува: Малку недостигаше и јас да заминам во С. Арабија!