Евертон го „распарчи“ Њукасл, Тотенхем со нов пораз тоне на табелата

655

Евертон ја впиша втората победа по ред во Премиер лигата и се чини ја преброде онаа казна од 10 поени што им ја додели Премиер лигата. „Карамелите“ тогаш беа скршени, следуваше пораз од Манчестер Јунајтед (3:0), но се свестија и врзаа две победи. Едната со Нотингем Форест (1:0), а вечерва го преслушаа Њукасл со 3:0.
Сите голови паднаа во второто полувреме. Мекнил отвори во 79 минута, следуваше гол на Докуре во 86 минута, а во 90+6 минута Бето ги постави конечните 3:0.
Евертон и покрај казната избега од опасната зона и сега е на 17-тото место со 10 бодови.
А на „Вајт Харт Лејн“ нов пораз на Тотенхем. „Спарси“ веќе пет кола немаат победа и тонат на табелата. Со три бода си замина Вест Хем кој направи пресврт во второто полувреме.
Тотенхем водеше по првите 45 минута со голот на Ромеро во 11 минута. Изедначи Боувен во 52 минута, а триумфот на „чеканите“ го обезбеди Вард-Проус во 74 минута.
Тотенхем сега е на петтата позиција со 27 бода, а Вест Хем е на позиција девет.

ПретходноАнгеловски: Загубивме поради две причини…
СледноРБ Лајпциг го пушта Вернер на позајмица