Џејдон Санчо останува целосно отпишан од менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, но во обидот да најде нов клуб нема многу простор за оптимизам. Една од најреалните опции за негова нова дестинација оваа зима, италијански Јувентус, „крена раце“ од него.
Јувентус се откажа од можноста да го донесе во Торино англискиот крилен напаѓач и наместо тоа ќе оди до крај во обидот да го купи најдобриот фудбалер на Сасуоло, Доменико Берарди.
Италијанските медиуми пишуваат дека Јуве го преферира Берарди поради неговата многу помала плата. Се очекува трансферот да биде околу 30 милиони евра, а италијанскиот репрезентативец ќе потпише на 3,5 години.
Санчо ќе мора да чека нова понуда, но очигледно е дека такви скоро и да нема.