Клоп: Кој ќе ја освои титулата? За тоа прашајте ме во април!

121

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по вчерашната победа над Шефилд Јунајтед зборуваше за борбата за шампионската титула оваа сезона во англиската Премиер лига.

„Ако некој го отпишува Манчестер Сити во моментов, веројатно се шегува. Освен тоа, Арсенал е во одлична позиција и че има голема борба. Астон Вила е неверојатна, Јунајтед е блиску. Можеби не играат фудбал каков што некои очекуваат од нив, но сепак освојуваат бодови. Се додека сме тука, во оваа борба се ми одговара. Но, сето тоа е толку тешко и стресно, и има уште толку многу натпревари пред нас, па ајде да го поминеме ова, а за титулата ќе зборуваме во април“, рече Клоп.

По 15 кола во Премиер лигата оваа сезона, Ливерпул е на второто место во поредокот со два бода помалку од лидерот Арсенал.

ПретходноУ-19: Македонија е домаќин на турнирот во елитните квалификации за пласман на ЕП!
СледноСе бара 4 годишна суспензија за Пол Погба!