Македонецот се подготвува за нова борба по поразот од Махачев: Ќе му одржам лекција на Топурија!

171

Актуелниот УФЦ шампион во категорија до 70 кг., Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски го најави својот нов предизвик. По поразот на дуелот со Исмаил Махачев, Волкановски полека се подготвува за следниот закажан дуел на 18 февруари. Станува збор за пресметка со досега непоразениот шпански борец со грузиско потекло Илија Топурија, која ќе се одржи на средината на февруари на турнирот УФЦ 298.

„Тој мисли дека е маж. Смешно е. Најдобро е што ќе можам да му одржам лекција на момчето. Подготвен сум малку да го смирам. Ќе ја играм улогата на наставник во следните неколку месеци“, рече Волкановски.

Австралиецот со македонски корени има 29 борби во ММА, во кои забележа 26 победи (13 со нокаут) и забележа три порази. Топурија досега имаше вкупно 14 борби во кои освои 14 победи (четири победи беа добиени со нокаут).

ПретходноНовото бразилско засилување на Реал (М) го урна рекордот на Нејмар
СледноПалмеирас повторно шампион, Сантос по 111 години испадна во Втора лига (ВИДЕО)