Максимов пред трансфер во Австрија, Шкендија добива отштета од 300.000 евра?!

4819

Фудбалерот на Шкендија и младински репрезентативец на Македонија, Методи Максимов е пред трансфер во Австрија. Се споменува тимот на Ласк Линц, клуб кој уште во летниот преоден рок беше заинтересиран за нашиот младински репрезентативец, но тогаш тетовци не сакаа да го пуштат.

Се шпекулира дека за овој трансфер Шкендија би добила отштета од 300.000 евра, сума која и не е така мала за наши услови.

Да потсетиме дека Максимов во Шкендија дојде во јануари 2023 година и од од Работнички за сума од 50.000 евра какви што беа тогаш шпекулациите.

ПретходноСтоилковска елиминирана во второто коло на турнирот во Египет!
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски ќе им суди на Шкендија и Силекс, Грујоски “главен“ во Струмица, а Ставрев во Струга!