Екипата на Порто забележа нов пораз во Лигата на шампионите. Вечерва на домашен терен е поразен од германскиот Магдебург со 31-40. Македонскиот голман во редовите на Порто, Никола Митревски имаше седум одбрани од 30 обиди, а неговиот колега Рема Маркеш беше уште послаб со три одбрани од 16 обиди.
Во оваа група Магдебург е втор со 16 бода, а Порто е претпоследен со шест и е во серија од четири порази.
На другите мечеви
АЛБОРГ – ПСЖ 30-32
ПЕЛИСТЕР – ЗАГРЕБ 22-23
БАРСЕЛОНА – ЦЕЛЈЕ 39-30
ПОРТО – МАГДЕБУРГ 31-40
ВИСЛА ПЛОЦК – ВЕСПРЕМ 37-30