Сензација на СП: Јапонките ја совладаа Данска со „цепелин“ во последна секунда (видео)

1358

Во втората на Светското женско ракометно првенство ракометарките на Јапонија направија сензација со тоа што ја совладаа Данска и тоа на гостински терен во Хернинг. Азиската селекција имаше предност во вториот дел од еден до два гола, Данките во финишот изедначија на 26-26, а во последната секунда Јапонките реализираа и победија.
Јапонките во втората фаза влегоа без бодови, а ги освоија првите против Данките кои со овој пораз останаа со четири бода на табелата.
Кај Јапонија најефикасни беа Хатори со седум гола, Сасаки постигна пет…
Кај Данките пет гола постигна Хојлунд.
Идното коло Данска ќе игра со Полска, а Јапонија ќе се соочи со Романија.

РЕЗУЛТАТИ
ЦРНА ГОРА – ХРВАТСКА 25-26
СРБИЈА – ПОЛСКА 21:22
ГЕРМАНИЈА – РОМАНИЈА 24-22
СЕНЕГАЛ – УНГАРИЈА 20-30
ШВЕДСКА – КАМЕРУН 37-13
ДАНСКА – ЈАПОНИЈА 26-27

ПретходноНемања Матиќ: Српскиот фудбал е заразен со вируси како Црвена Звезда и Партизан
Следно„Загрепчани слушаа тешки навреди од Македонците и ги замолкнаа во драмата“