Познати се судиите за 18.коло во ПМФЛ или последно од есенскиот дел. Судиската комисија одлучи мечот меѓу Шкендија и Силекс, кое веројатно е дерби на ова коло да биде судено од Јован Качевски (Струга), додека на мечот во Струмица, каде се среќаваат Брера и Шкупи, главен судија да биде Александар Грујоски (Кичево). Дуелот во Струга, каде Струга ТЛ веројатно ќе стави печат на есенската титула против Брегалница, ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 18.КОЛО ВО ПМФЛ – НЕДЕЛА (13 Ч)
Вардар – Тиквеш: Димитар Пилешков (Штип)
Струга ТЛ – Брегалница: Александар Ставрев (Скопје)
Воска – Работнички: Влатко Илиоски (Прилеп)
Брера – Шкупи: Александар Грујоски (Кичево)
Шкендија – Силекс: Јован Качевски (Струга)
САБОТА, 13 Ч
Гостивар – Македонија ЃП: Стојанче Стојанов (Штип)