Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години денеска ги доби противниците за елитната рунда од квалификациите за ЕП во 2024 година. Генерацијата предводена од селекторот Тони Јакимовски, која успешно го мина првиот квалификациски филтер на турнирот во Полска, во елитната рунда од квалификациите се најде во групата „7“ заедно со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Според правилата на УЕФА, и оваа фаза ќе се игра во формат на турнири и тоа во периодот од 18 до 26 март следната година. Пласман на ЕП во С. Ирска ќе обезбедат само победниците на секоја од седумте формирани групи.