Шокантно: Ми побараа 50.000 марки за да бидам на списокот за СП во Франција 1998!

7789

Колку е болен фудбалот на Балканот, а пред се во Србија говори и изјавата на фамозниот аналитичар Раде Богдановиќ, кој во изминатите година – две стана вистинска ѕвезда кај нашиот северен сосед со своите отворени анализа.

Тој често знае да критикува, а го потсети селекторот Драган Стојковиќ за тоа што се случувало во Дојран пред две децении и како Пикси ја добил тренерската лиценца. Па споменуваше и љубовници.

Сепак врв на сето тоа било што нему му се случило непосредно пред СП во Франција 1998 година.

Богдановиќ како повремен репрезентативец на тогашна СРЈ, не бил на списокот на патници за Мундијалот.

Ама…

Да, точно е тоа. Јас и порано сум кажал дека од мене непосредно пред СП ми беа барани 50.000 марки за да играм за репрезентацијата. Ми побара еден новинар чиј син учеше заедно со синот на тогашниот генерален секретар на репрезентацијата Бата Булатовиќ. Секако дека јас не им платив а тие однесоа на СП еден играч кој дотогаш воопшто не играше за репрезентацијата. Знам дека ако играв на СП мојата кариера ќе беше поинаква, но и од тоа што успеав да го направам како фудбалер јас сум задоволен, барем беше чесно“ изјави Богдановиќ.

ПретходноСпалети стана почесен граѓанин на Неапол!
СледноСтоилковска елиминирана во второто коло на турнирот во Египет!