Ангеловски: Загубивме поради две причини…

478

Пелистер повторно загуби во драматичен меч. Во Битола вечерва со победа си замина Загреб, а пелистерци останаа со „нула“ на табелата во својата група. Тренерот Бранко Ангеловски посочи два моменти за поразот.
Жалам што не победивме иако имавме неколку шанси за тоа. Работевме добро претходните денови, но натпреварот го загубивме поради две причини: во првото полувреме реализацијата, а во второто – враќањето во одбрана иако знаевме дека Тимур Дибиров ќе оди на брз центар и ќе напаѓа. И вториот тајм-аут не го потрошив за напад, туку за одбрана, токму за тоа враќање.
На секој наш постигнат, примавме брз гол иако бевме со само една измена. Денеска, тактиката ја доби противничкиот тренер и јас му честитам за тоа“, изјави Ангеловски.

 

ПретходноПорто немоќен на домашен терен против Магдебург
СледноЕвертон го „распарчи“ Њукасл, Тотенхем со нов пораз тоне на табелата