Астон Вила го совлада Манчестер Сити со 1:0 во меч на кој имаше тотална доминација и со тоа ја забележа 14-тата победа на домашен терен во Премиер лигата со што го изедначи клупскиот рекорд по број на победи на домашен терен во шампионатот што претходно биле остварени два пати, во 1931 и 1903 година.
Астон Вила ја прекина низата од 15 натпревари без победи против Манчестер Сити.
Мечот го одбележаа и два негативни рекорди за Пеп Гвардиола.
На шампионот на Англија не му се случило до сега за 90 минути да упати само два удари на противничкиот гол и притоа да не изведе ниту еден корнер.
Исто така Сити претрпе 22 удари на својот гол, што е најмногу откако Пеп е менаџер на 535 натпревари.
Менаџерот на Астон Вила, Унај Емери ја забележа првата победа над Пеп Гвардиола во 14-тиот меѓусебен дуел (претходно четири ремија и девет порази).
Дома Меѓународен фудбал Англија Астон Вила со победата над Сити собори клупски рекорд стар 92 години!