Двојна победа за струмичани во одложените мечеви од 10. коло

137

Синоќа се одиграа двата заостанати меча од 10. коло во одбојкарските шампионати во машка и во женска конкуренција. И во двата меча, екипите на Струмица успеаја како гости да дојдат до бодовите.

Особено беше важна победата на женскиот тим, кој успеа да го добие „маратонот“ со Јанта Волеј во Скопје со 3:2 и да ја продолжи низата без пораз од почетокот на сезоната.

Одбојкарите на Штип УГД не успеаја да му дадат посилен отпор на шампионот Струмица, кој ја запиша новата сезонска победа.

Прва лига (мажи), 10-то коло

Штип УГД – Струмица                            0:3 (14:25, 12:25, 19:25)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (27); 2. Штип УДГ (21); 3. Лирија (20); 4. Весна Пробиштип (18); 5. Работнички 71&22 (18); 6. Шкендија (15); 7. Универзитет во Тетово (15); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

Прва лига (жени), 10-то коло

Јанта волеј – Струмица жени              2:3 (21:25, 26:24, 25:23, 20:25, 8:15)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (31); 2. Наковски В. (28); 3. Јанта Волеј (22); 4. Работнички (20); 5. Фит Фан Волеј (13); 6. Младост УДГ (11); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноЕмбид шестипат до 50 поени, Лука со трипл-дабл со 40 поени, пораз на Јокиќ и Денвер (ВИДЕО)
СледноПотврдено: Поуп мора на операција, пауза најмалку 4 месеци