Загреб е нова шанса за Е. Пелистер за прва победа во Лигата на шампионите

80

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе го одиграат и десеттиот меч од дебитантската сезона во најсилното клупско натпреварување, Лигата на шампионите. „Зелено-белите“ се уште ја исчекуваат првата европска радост, па дуелот со екипата на Загреб која е едно скалило погорфе од нашиот првак на табелата во групата, се чини е една од последните шанси за прва радост.

„Загреб е во одличен ритам и доаѓаат во налет. Ние сме тука да го прекинеме тој налет и се надевам на победа. Работиме напорно, го анализираме противникот и се надевам и верувам во она што го работиме секојдневно и очекувам позитивен резултат. Треба да ги исправиме тие ситни грешки кои ги направивме во Загреб во последните дваесет минути. Прававме почетнички грешки, продадовме неколку топки и тие како искусна екипа тоа го искористија преку контра напади. Имаме своја цел, а тоа е да откинеме бод на некоја голема екипа, така да ќе се обидеме до крајот на групата и тоа да го направиме. Ова е последен натпревар за оваа година во Лигата на шампионите и се надевам дека ќе ја израдуваме публиката и самите себеси пред празниците со победа против Загреб“, изјави на прес-конференцијата пред мечот, Урош Борзаш.

Загреб во пресрет на ова денешно гостување има 8 освоени бодови. Со евентуална победа хрватскиот шампион ќе остане во трка за место кое води во плеј-оф натпреварите.

ПретходноСудиска анализа: Воска е оштетена!
СледноУ-19: Македонија е домаќин на турнирот во елитните квалификации за пласман на ЕП!