МЗТ Скопје за малку ќе се избрукаше против ФМП

121

Во салата „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, екипата на МЗТ Скопје славеше победа над ФМП Академија со 79-72. „Штрковите“ потешко од очекувањата стигнаа до победата иако на полувреме имаа девет поени разлика (35-26).
Во третата четвртина „штрковите“ се опуштија, а тоа домашните го искористија па во последната четвртина се влезе со 58-58.

Во последната четвртина во еден момент резултатот беше 72-72, па следуваа две тројки на МЗТ, прво на В.Стојановски и потоа на Баковиќ па тоа беше и клучниот момент. На крајот +7.
Војдан Стојановски беше најдобар кај МЗТ со 21 поен, а Баковиќ постигна 15. Најефикасен на мечот беше Огундиран од ФМП со 29 поени, а имаше и шест скокови и седум асистенции.
МЗТ по 11 кола е лидер со 21 поен (скор 10-1), а ФМП е претпоследен со 13.

ПретходноПелистер поразен дома од Загреб и остана на „нула“ по 10 меча
СледноНемања Матиќ: Српскиот фудбал е заразен со вируси како Црвена Звезда и Партизан