Новото бразилско засилување на Реал (М) го урна рекордот на Нејмар

3495

17-годишниот напаѓач на Палмеирас, Ендрик забележа историско постигнување во Бразил. Фудбалерот го заврши првенството на Бразил со 11 постигнати гола, од кои повеќето ги постигна во последните неколку средби.

На последните осум натпревари за Палмеирас тој успеа да постигне дури шест погодоци.

Со тоа, Ендрик испиша историја, претекнувајќи го Нејмар и стана втор најмлад фудбалер на сите времиња кој успеал да постигне толку многу голови во една сезона во Бразилеро. Повеќе од него има само Роналдо.

Ендрик постигна гол и на последниот натпревар за Палмеирас во сезоната против Крузеиро (1:1), а со ремито тимот ја запечати втората последователна шампионска титула во Бразил.

Како што е познато, од следната сезона Ендрик ќе го засили нападот на Реал Мадрид. Фудбалерот беше купен од шпанскиот клуб за 37,5 милиони долари.

ПретходноПикси не ме познава? Нека се сети на семинарот и љубовниците во Македонија!
СледноМакедонецот се подготвува за нова борба по поразот од Махачев: Ќе му одржам лекција на Топурија!