Екипата на Пелистер го доживеа и десеттиот пораз во групата од Лигата на шампионите и се збогува од елитното европско натпреварување без бодови (десет меча исто толку порази).
Вечерва Пелистер загуби од Загреб со 22-23. Очекувањата беа големи но уште еднаш битолската публика си замина разочарана. Уште еднаш не успеаја до крај да се носат со фаворизираниот противник и останаа без бодови.
Гостите на голот го имаа и расположениот Мандиќ кој го заврши мечот со 19 одбрани од кои во првото полувреме имаше дури 14 интервенции.
🚨 WHAT A BEAST!
Super Matej Mandic🔥🔥
Rate this double save ___/10 🤯 #CLM #ehfcl #DareToRise pic.twitter.com/ZwzaR1nEje
— EHF Champions League (@ehfcl) December 7, 2023
Загреб имаше и предност од пет гола (6-11), но до крајот на полувремето домашните ја намалија негативата на 10-13. Во вториот дел повторно пелистерци потфрлија во нападот и Загреб пак избега на +5. Следуваше нова серија на Пелистер и изедначување на 18-18. И одново загрепчани се кренаа и пак направија три разлика. Во последните минути Загреб имаше еден гол предност и успеа да го задржи и да ја запише третата победа.
Голманот на Пелистер, Гедбан беше солиден затоа што одбрани 14 удари, осум голови од 15 обиди постигна Филип Кузмановски, четири Павле Петровиќ. Кај гостите пет гола реализираше Кларица, четири Кавчиќ, по три Иван Чупиќ, Жоел Моралес…
По зимската пауза следуваат нови предизвици за Пелистер, на 14 февруари е мечот против ПСЖ.
Вечерва Алборг е поразен дома од ПСЖ со 30-32. Алборг е втор на табелата со 12 бода, а ПСЖ има 11.