Потврдено: Поуп мора на операција, пауза најмалку 4 месеци

101

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, потврди дека голманот Ник Поуп ќе биде опериран и ќе отсуствува од терените околу 4 месеци.

Голманот се повреди во победата над Манчестер Јунајтед и тестовите потврдија дека се работи за изместено рамо.

„Нема сомнеж дека ќе треба да се оперира, па ќе биде надвор од теренот некое време, мислиме дека тоа ќе биде период од четири месеци. Тоа е голем удар за нас, но бевме подготвени за најлошото откако видовме како се повреди“, рече Хау.

„Уште полошо е бидејќи доаѓа во преоптоварен период од годината, но ќе се снајдеме некако. Ник се уште има шанса да биде на Европското првенство, но мислам дека тој најмногу сака да се врати кај нас“, додаде менаџерот на „страчките“, одбивајќи да коментира дали неговата екипа ќе бара голман во јануари, откако беше поврзуван со Дејвид де Хеа.

ПретходноДвојна победа за струмичани во одложените мечеви од 10. коло
СледноПикси не ме познава? Нека се сети на семинарот и љубовниците во Македонија!