Касемиро и Варан во „пакет“ во Саудиска Арабија?

465

Рафаел Варан и Касемиро би можеле да бидат продадени во јануари како дел од големата „чистка“ на Манчестер Ј. која ја најавил и самиот менаџер, Ерик тен Хаг.

„Црвените ѓаволи“ се соочуваат со потенцијална елиминација од Лигата на шампионите овој месец, а заедно со падот од ТОП 4 во Премиер лигата, сега се бараат начини како да се ослободат непотребните на платниот список.

Тен Хег е подготвен да ги разгледа понудите за клучните играчи, вклучително и Касемиро и Варан, кои биле ставени на неговиот можен список за продажби.

Со оглед на тоа што и двајцата се веќе над 30 години, Манчестер Ј. ќе се обиде да ги продаде во Саудиска Арабија, од каде може да добие и добра отштета.

ПретходноНаполи поразен во Торино: Гати повторно е талисманот на Јувентус (ВИДЕО)
СледноФ1 е скап спорт: Верстапен само за лиценца за настап во 2024 година ќе плати 1,2 милиони евра!