Неверојатна партија на Леброн Џејмс за финале во НБА Купот (ВИДЕО)

339

Во финалето на НБА Купот ќе играат Лос Анџелес Лејкерс и Индијана Пејсерс. Новиот турнир во НБА лигата стигна до битка за титулата. Лејкерси од Западната конференција славеа убедливо против Њу Орлеанс со 133:89, додека пак на Истокот, Пејсерс беа подобри од Милвоки Бакс во полуфинале со 128:119.

Леброн Џејмс одигра неполни 23 минути во полуфиналниот натпревар, но и тоа беше доволно за да доминира статистички. Со брилијантни 9/12 од поле, вклучително и непогрешливи 4/4 тројки, Џејмс го заврши натпреварот со 30 поени, пет скока и осум асистенции.

Тој беше импресивен на почетокот на втората четвртина. Откако Пеликанс го завршија првиот дел со предност од 30:29, Џејмс ги постигна првите 11 поени за својот тим во втората четвртина, вклучувајќи три тројки.

Ентони Дејвис додаде 16 поени и 15 скока за Лејкерс, а Остин Ривс додаде 17 со пет скока и седум асистенции. Кај Пеликанс, ограничени на 22,6 отсто за тројки и 35,8 отсто шут од поле, Треј Марфи постигна 14, Вилијамсон имаше 13 поени.

ПретходноРБ Лајпциг го пушта Вернер на позајмица
СледноКузмановски: Криво ми е за публиката! Ветувам дека ќе бидеме подобри!