РБ Лајпциг го пушта Вернер на позајмица

510

Германскиот напаѓач Тимо Вернер никако да се врати во вистинскиот ритам во кој што беше пред првото напуштање на РБ Лајпциг во насока на Челзи. Во кам-бекот во Лајпциг, Вернер не игра на ниво, а го загуби местото од Луис Опенда кој е многу подобар од него. Клубот размислува да го пушти на позајмица во јануарскиот преоден рок.
„Тимо е наш фудбалер. Имаме доверба во него и неговите квалитети. Сакаме да направи име во Лајпциг. Нормално дискутираме и за други можни опции за неговиот развој како фудбалер“, изјави спортскиот директор Ровен Шредер.
Напаѓачот имаше неуспешен обид во Премиер лигата како фудбалер на Челзи. Тој се врати во Лајпциг во 2022 година, а не е првотимец ни во екипата ни во германскиот национален тим.

ПретходноЕвертон го „распарчи“ Њукасл, Тотенхем со нов пораз тоне на табелата
СледноНеверојатна партија на Леброн Џејмс за финале во НБА Купот (ВИДЕО)