Кошаркарот на екипата на Монако, Мајк Џејмс, денеска успеа да се искачи на третото место на вечната листа на најдобри поентери во Евролигата.
На мечот со екипата на Жалгирис, ѕвездата на Монако, стигна до 4153 поени во кариерата во евролигата, со што успеа од третата позиција да го симне Хуан Карлос Наваро, кој има 4152.
Единствените двајца играчи кои се уште остануваат пред Џејмс се Нандо Де Коло (4363) и Василис Спанулис (4455).