Анчелоти се спротиставил на една одлука на Перез

577

Шпанските медиуми откриваат дека помеѓу првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти се појавиле првите несогласувања, а причината е Ферландо Менди.

Според Перез овој фудбалер мора да биде продаден бидејќи не ги оправдал парите, па се надева дека уште во јануари ќе ја добие соодветната понуда. Засега единствени кои можат без проблем да платат за левиот бек се клубовите од С.Арабија од каде веќе има интерес за него.

Но, Перез за оваа одлука добил негодување од Карло Анчелоти, кои инсистира фудбалерот да остане во Реал Мадрид, кого Менди го чини 200.000 евра бруто плата.

Сепак по најавите дека Анчелоти по завршување на оваа сезона ќе се посвети на бразилската репрезентација, прашање е дали Перез навистина ќе го послуша искусниот стратег.

ПретходноБК „10-60“ – Успешна приказна за боксерите од Ѓорче и Скопје
СледноТурбуленции во Бразил: Судот го отстрани претседателот на Федерацијата