БК „10-60“ – Успешна приказна за боксерите од Ѓорче и Скопје

838

Само маката може да те однесе до големината, до одлуки со кои за сите деца пристапот да се тренира, да се вежба и спортува биде еднаков за сите…за сиромашни, за богати, за професиоалци, за аматери па дури и за лица со попреченост.

Ова е приказната која се пишува во Ѓорче Петров и салата во УО „Димитар Поп Георгиев – Беровски“. Таму е базата на Боксерскиот клуб „10-60“. Клуб кој постои речиси една деценија и клуб кој треба да биде пример за многу спортски субјекти во земјава.

Роберт Варга е поранешното „бронзено“ момче од СП во 2010 година. Тој заедно со Христијан Милановски и Живорад Стојановски се „триото’“ кое грижат за опстанокот на клубот.

“Кај нас вратите се отворени за сите деца и младинци во секое време. Бесплатно, без никакви чланарини. Сакаме да спортуваат, да сакаат спорт и да добијат шанса да се натпреваруваат и да успеат во животот. Имаме добри услови за работа, тренинзи кои се според модерните боксерски техники. Сакаме децата од улица да им дадеме шанса и да тренираат бокс“, е коментарот на Роберт Варга за амбициите со клубот за посветеноста во боксот.

 

ЗОШТО БК „10-60“…!?
“Оние кои се во кошарката добро знаат што значи „10-60“. Тоа е поштенскиот код за Ѓорче Петров, а водено и подгрупа на „Сити Парк Бојс“, навивачите на КК Работнички. Како името на навивачката група така одлучивме да биде и името на клубот. Едноставно ние сме момци од трибина, од улица и големи вљубеници и ентузијасти во овој спорт. Им благодаиме на сите наши пријатели и спонзори кои несебично ни помагаат и ни овозможуваат оваа боксерска приказна да трае и трае. Постоиме од 2013 година и заедно со моите другари Христијан Милановски и Живорад Стојановски сакаме да работиме со децата, со младите на кои сакаме да им ја покажеме целата убавина на боксерскиот спорт. Јас како поранешен боксер и освојувач на бронзен медал од СП 2010 година добро знам што значи да се бориш за својата земја и да освоиш медал. Тоа ни е амбицијата. Нашиот клуб да има државни прваци, репрезентативци и освојувачи на меѓународни медали“, е желбата на Варга и на сите во клубот кои трошат многу енергија, друд и пот за да се стигне до посакуваната цел.

ТРИ ЕКСТРА ТАЛЕНТИ – МЕЃУ НИВ И КЈАРА КОНДИЌ
Боксерскиот клуб „10-60“ ги подготвува своите натпреварувачи за престоните државни првенства. Амбициите е да се освои злато во некоја од категориите а според Роберт Варга, постојат реални шанси тројца нивни таленти да стигнат до самиот врв.

„Ние имаме околу 50 боксери од кои десетина се професионалци. Во 2016 и 2017 имавме државни прваци во категориите до 69 килограми. Сега напорно работиме за престојните државни шампионати. Можам да кажам дека Александар Николовски и Бојан Трајковски се екстра таленти но посебно би ја издвоил девојката Кјара Кондиќ пред која мислам дека престои блескава кариера ако продолжи вака посветено и напорно да боксува и во иднина. Таа е бисер на женскиот бокс и има само 16 години“, се очекувањата на Варга кој во минатото 10 пати бил државен првак и на двапати балкански шампион.

Во БК „10-60“ се посебно горди и среќни што во нивниот клуб доаѓаат и тренираат дури и деца со посебни потреби и таквите моменти ги прават горди и среќно но истовремено и одговорни затоа што таа категорија на деца со својата посветеност, желба за тренинг и насмевки им дава дополнителна сила и мотив а сите во клубот.

Секоја чест момци!

ПретходноКФСМ го казни Куманово 2009 со 30.000 денари зошто не исполни еден важен услов!
СледноАнчелоти се спротиставил на една одлука на Перез