Фудбалерот на Виртон, Иломбе Мбојo е ранет во пресметка на банди на улиците на Брисел. Како што пренесуваат белгиските медиуми, Мбоје и уште две лица биле главна цел на напаѓачите.
Поранешниот белгиски репрезентативец е погоден во раката и е во болница.
Пукањето се случило поради несогласувања помеѓу две банди во Брисел, а дел од медиумите шпекулираа дека Мбојo е вмешан во трговија со дрога, но се воспостави дека тоа не било вистина. Истрагата е во тек.
Мбојo, кој има 36 години оваа сезона во 16 меча за Виртон постигна шест гола.
Инаку тој има еден настап за ДР Конго и два за Белгија. Претходно играше за Гент, Ст.Тројден, Сион, Генк, Кортријк и Шарлероа.