Рафаел Варан и Касемиро би можеле да бидат продадени во јануари како дел од големата „чистка“ на Манчестер Ј. која ја најавил и самиот менаџер, Ерик тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ се соочуваат со потенцијална елиминација од Лигата на шампионите овој месец, а заедно со падот од ТОП 4 во Премиер лигата, сега се бараат начини како да се ослободат непотребните на платниот список.
Тен Хег е подготвен да ги разгледа понудите за клучните играчи, вклучително и Касемиро и Варан, кои биле ставени на неговиот можен список за продажби.
Со оглед на тоа што и двајцата се веќе над 30 години, Манчестер Ј. ќе се обиде да ги продаде во Саудиска Арабија, од каде може да добие и добра отштета.