Манекенка или тенисерка: Коко Гоф заработила трипати повеќе од реклами, отколку од тенис

1096

Американската тенисерка Кори Гоф, попозната како „Коко“, во тековната година има најголема заработувачка од сите тенисерки во ВТА конкуренцијата, повеќе и од првата на листата, Полјачката Ига Швјонтек.

Според истражувањето на „Спортик“, шампионката од последниот УС Опен во тековната година заработила 22,7 милиони долари, од кои 6,2 милиони од настапи на турнири и фантастични 16 милиони од рекламни комерцијални договори.

Швјонтек е втора со најголема заработка оваа година, 21,9 милиони долари, но само од турнири.

ПретходноАлкалоид убедлив со Драчево, Голден Арт ја доби суперлигашката пресметка со Аеродром
СледноПоради инцидент на тренинг: Вулверхемптон го отстрани Џони Ото од првиот тим до февруари