Мексиканец собори гол-рекорд во најсилната холандска лига

243

Напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Хименез постигна гол во 94 минута за победа над Волендам (3:1), соборувајќи рекорд по број на постигнати голови во најсилната холандска лига во една календарска година.
Мексиканецот стигна до бројката 31 гол во Ердивизијата и со тоа го собори претходниот рекорд поставен во 2009 година од страна на уругвајскиот напаѓач Луис Суарез во Ајакс и изнесуваше 30 голови.
А сезонава Хименез кој има 22 години, постигна 20 голови во 19 настапи за Феенорд сезонава во сите натпреварувања. Само во Ердивизијата има 18 и е на врвот на листата на стрелци.
Тој рекорд Хименез може да го подобри затоа што до крајот на годината Феенорд ќе одигра уште три лигашки натпревари – со Хераклес (гости) и НЕЦ (дома).

ПретходноОчекувано: Наградата за гол на месецот во рацете на Гарначо
СледноДени Илиев на голот на Сараево?