Фудбалерите на Јувентус го совладаа Наполи во големото дерби на 15. коло во Серија А. „Старата Дама“ на домашен терен вечерва славеше со 1:0.
Кобен за Наполи повторно беше стоперот Федерико Гати, кој постигна уште еден гол против актуелниот шампион на Италија.
Избраниците на Валтер Мацари имаа три добри шанси на стартот, но Политано, Кварацхелија и Ди Лоренцо не успеаја да реализираат ниту една. Клучен момент беше 51. минута кога Камбијасо упати центаршут од десната страна, а Федерико Гати беше највисок во скокот и со глава го совлада Мерет.
Наполи успеа да ја затресе мрежата во 71. минута, но Осимен беше во офсајд.
Јувентус е прв во Серија А со 36 бодови и натпревар повеќе од „нероаѕурите“ кои имаат 35, додека Наполи е петти со 24 бода.
VICTORIA DE LA VECCHIA SIGNORA 🦓👌🏼
📌 Juventus ML (+128) ✅
📌 Under 1.5 (+210) ✅Aquí el gol de Gatti para el 1-0👇🏼
pic.twitter.com/iYgLfOwgQD— Playdoit México (@playdoitmexico) December 8, 2023