ОИ 2024: Русите и Белорусија добија дозвола за настап!

383
ФОТО: https://olympics.com/

Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК) даде зелено светло за учество на руските и белоруските спортисти на Летните олимписки игри во Париз што ќе се одржат идната година но под посебни услови. Тие, покрај согласноста за допинг правилата, треба да потпишат и дека се согласуваат да настапуваат под неутрално знаме и да ја почитуваат Олимписката повелба, вклучително и „мировната мисија на олимпиското движење“, соопшти ИОК.

Само 11 „неутрални индивидуални спортисти“, осум Руси и тројца Белоруси засега се квалификуваа за ОИ. А забраната се уште стои за тимските спортови.

Во случај на победа нема да се вее знамето ниту да се интонира химната. Со тоа им се овозможи на спортисти од овие држави да учествуваат на ОИ што им беше оневозможено  досега.

ОИ во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август идната година.

 

ПретходноКлоп забележа бек на Волфсбург како замена за Матип
СледноВо пукање во Брисел повреден поранешен репрезентативец на Белгија