Очекувано: Наградата за гол на месецот во рацете на Гарначо

82

Прекрасниот гол со ножички на Алехандро Гарначо на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон е прогласен за гол на месец ноември во англиската Премиер лига. Аргентинецот постигна прекрасен погодок, со ножички ја затресе мрежата на противникот во победата од 3:0 над тимот од „Гудисон парк“. Уште веднаш се знаеше дека тоа ќе биде гол на месецот, а сега и официјално младиот Аргентинец ја доби наградата.
Бекот Хари Мегваер ја доби и наградата за играч на месецот.
Инаку наградата за најдобар тренер во истиот месец отиде кај Ерик тен Хаг од Манчестер Јунајтед.

ПретходноОперацијата е успешна, Тер Штеген се враќа за два месеци
СледноМексиканец собори гол-рекорд во најсилната холандска лига