Италијанската скијачка Софија Гоџа триумфираше на денешното Супер-џи што се одржа во швајцарски Ст.Мориц. Гоџа по две години успеа да победи во оваа дисциплина, а ова е 23-та победа за неа, шеста во Супер-џи изедначувајќи се со Федерика Брињоне по број на победи на Италијанки во алпско скијање. Брињоне до 23-ката стигна минатата недела со победата во Тремблан.
Гоџа стигна до целта со време 1:16:63 пред Австријката Корнелија Хутер, а третото место и припадна на Лара Гут-Бехрами.
Утре и задутре во Ст.Мориц се спустот и уште една трка во Супер-џи.
Кај мажите во сабота и недела се трките во француски Вал д’Изер.
Во генералниот пласман Микаела Шифрин е прва со 520 бодови, следуваат Петра Влхова со 391, Гут-Бехрами со 385, Брињоне со 365, Сара Хектор со 296 бодови.