Стојанов се врати на клупата на Беласица

223

По скоро 1,5 година, Александар Стојанов се врати на клупата на струмичка Беласица. Како што потврдија денеска од второлигашот, тој ќе го предводи тимот во продолжението на тековната сезона.

Под негово водство во сезоната 21/22 Беласица беше на чекор до пласман во Првата лига. Тогаш во баражот, струмичани беа поразени од ФК Скопје.

До овој момент Стојанов беше координатор на младинската школа, каде што со успех ја водеше низ оваа полусезона. Тој паралелно ќе продолжи да ја врши и оваа функција.

ПретходноФА на Германија објави сериозни загуби, ќе биде уште полошо при неуспех на ЕП
СледноКаратистот Стојановиќ освои сребро на Светската карате лига (У21)