ФА на Германија објави сериозни загуби, ќе биде уште полошо при неуспех на ЕП

197

Германската фудбалска асоцијација регистрира загуби во висина од 4,2 милиони евра за 2022 година, пренесуваа финансискиот магазин Ханделсблат. И покрај големиот негативен биланс, менаџментот не е загрижен.

„Ова се очекувани финансиски резултати, со оглед на тоа дека националниот тим имаше неуспешен настап на СП во Катар затоа што беше елиминиран во групната фаза“, изјави финансискиот директор Штефан Грунвалд.

Според него, на Европското првенство идната година, на кое Германија е домаќин, ќе биде многу важно за ФА.

„Уште едно разочарување и испаѓање во групната фаза ќе создаде ни создаде многу посериозни проблеми“, додаде Грунвалд.

Германија е во групата А со Шкотска, Швајцарија и Унгарија.

ПретходноВо пукање во Брисел повреден поранешен репрезентативец на Белгија
СледноСтојанов се врати на клупата на Беласица