Операцијата е успешна, Тер Штеген се враќа за два месеци

92
ФОТО: FC Barcelona/Twitter

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген вчера беше опериран. Хируршката интервенција била извршена во Стразбур од страна на еден од водечките специјалисти за повреди на грбот.

Се очекува опоравувањето на Тер Штеген да трае околу два месеци, по што тој ќе продолжи со тренинзите. Најверојатно германскиот интернационалец ќе биде подготвен за настап на крајот на јануари.

Тер Штеген ги пропушти последните три натпревари на Барса. Голманот секако треба да биде на располагање на Чави Хернандез за осминафиналето во Лигата на шампионите.

ПретходноТурбуленции во Бразил: Судот го отстрани претседателот на Федерацијата
СледноОчекувано: Наградата за гол на месецот во рацете на Гарначо