Белингем наскоро ќе мора да оди на операција на рамото?

236

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, призна дека во иднина, играчот од средниот ред на мадриѓани, Џуд Белингем, ќе мора да оди на операција на рамото, кое го повреди оваа сезона.

„Неговото рамо е нешто за што треба добро да се грижи за да го зајакне. Нема никакви проблеми со играта поради ова, секој ден се подобрува. Во моментов таква операција е исклучена, но неговото рамо е многу трауматично. Ако ова се повтори, тогаш сигурно ќе биде потребна операција“, изјави Анчелоти.

Белингем на почетокот на ноември заработи повреда на рамото од која се опорави, но во медиумите се појави информација дека поради оваа повреда англискиот играч за врска бил принуден да игра со болки.

ПретходноАнчелоти: За 500 милиони евра и пешки ќе отидам во Саудиска Арабија
СледноСтрумица и Работнички со максимални победи ги отворија новите кола