Владата ги усвои предлог-измените за Законот за Спорт

371

Владата на Република Македонија на седница одржана во вторникот го утврди текстот на предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, истиот е поврзан со ваучер-системот.

Претходната практика ќе биде минато, наместо средствата да ги добиваат од приватни компании на име на ваучер, сега државата ќе биде таа што директно ќе ги дели овие парични средства.

Предлог-законот ќе стапи во сила, откако ќе биде изгласан на Собрание.

„Предлог-измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основа на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и од неолимписки спортови и за други правни субјекти што имаат решение за вршење дејност спорт, кревање на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување подобри резултати во домашни рамки и на меѓународно ниво“, се вели во соопштението на Владата.

ПретходноОстварување кое не е за пофалба: Тотенхем влезе во историјата на Премиер-лигата
СледноКФСМ го казни Куманово 2009 со 30.000 денари зошто не исполни еден важен услов!