Дени Илиев на голот на Сараево?

769

Петкратниот босански шампион Сараево ќе остане без првата „единица“ Мухамед Шехиновиќ кој ќе го напушти клубот, а раководството веќе нашло замена и тоа македонскиот голман Дени Илиев, пишуваат босанските медиуми.
Македонскиот голман моментално е член на Хелсинки, а поголемиот дел од кариерата го помина во младинскиот тим на Арсенал и беше позајмуван во неколку клубови. Во 2022 година дефинитивно го напушти Арсенал.
Во Хелсинки паузираше извесен период поради повреда на лактот, а во меѓувреме оваа екипа стана првак на Финска.
Босанците пренесуваат дека Илиев би бил добро засилување затоа што не би бил третиран како странец според прописите, а е сметан како достојна замена за Шахиновиќ кој ќе оди во Полска.

ПретходноМексиканец собори гол-рекорд во најсилната холандска лига
СледноУапсен поранешен црногорски репрезентативец