Ивановиќ и се „одмазди“ на Ц. Звезда, Фенер испушти голема предност и загуби кај Барса

172

Кошаркарите на Црвена Звезда беа поразени од Басконија во Виторија со 87:85 во еден од најинтересните дуели во тековното коло. Избраниците на Душко Ивaновиќ беа во одлична шутерска форма, но Ц. Звезда го доведе натпреварот до драматична завршница, но на крајот не успеа да ја извојува првата гостинска победа.

Во дербито на вечерашната програма од 13. коло на кошаркарската Евролига, Барселона го совлада Фенербахче со 89:81. Во еден исклучително возбудлив дуел во кој Фенер одигра извонредно прво полувреме во кое имаше +12, Барса фуриозно го одигра крајот на третата и целата четврта четвртина и на крајот славеше. Најзаслужен за победата беше Вили Ернангомез со 21 поен и девет скока.

Олимпијакос на домашен терен го победи Баерн со 77:69. Петерс и Вокап постигнаа по 14 поени за грчкиот тим, а Едвардс беше најефикасен во составот на Баерн со 11 поени.

Виртус Болоња продолжи со одлични партии, па вечерва дома го победи Макаби ТА со 100:90. Кошаркарите на Монако претходно го совладаа Жалгирис во Каунас со 83:79.

ПретходноРоналдо со гол и асистенција на јубилејниот 1200-ти натпревар (ВИДЕО)
СледноНаполи поразен во Торино: Гати повторно е талисманот на Јувентус (ВИДЕО)