Каратистот Стојановиќ освои сребро на Светската карате лига (У21)

69

Каратистот на “Макпетрол”, Стефан Стојановиќ во категоријата над 84 кг, го освои сребрениот медал во најмасовната и најквалитетна Светска карате лига за помлади сениори У21. Стефан влезе во финалето во највозрасната категорија на помлади сениори (У21), со четири последователни победи во елминацискиот дел. Во финалето загуби со минимален резултат 0-1 од Данил Касијанов (Украина), и успеа да го освои сребрениот медал.

Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски изјави дека е задоволен од настапот на сите каратисти од тимот на “Макпетрол”.

„Успеавме да освоиме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на 7. место, успеавме да го продолжиме континуитетот на освојување на медали од најелитните карате натпревари, ова е вкупно 47-ми медал за нашиот клуб од најелитните Светски карате премиер лиги, во сениорска и младинска конкуренција. Во Венеција направивме одлична контрола и годината ја завршуваме со освоен светски медал, исто како и што ја започнавме со освоен медал од Светската премиер карате лига во Атина“, вели Заборски.

ПретходноСтојанов се врати на клупата на Беласица
СледноАнчелоти: За 500 милиони евра и пешки ќе отидам во Саудиска Арабија