Копа Америка ветува спектакл: Познати се групите, ќе има одлични мечеви!

752

Следната година ќе го одбележи ЕУРО во Германија, но нема да има помалку фудбалски возбудувања надвор од европските континенти, особено кога се во прашање американските селекции.

Од 20. јуни до 14. јули 2024 година исто во летниот период во САД ќе се одржи новото издание на Копа Америка. Покрај десет селекции од Јужна Америка, овој пат ќе учествуваат и шест репрезентации од Северна и од Централна Америка.

По синоќешната ждрепка во најава е вистинско фудбалско уживање и секако многу возбудувања.

Во групата А се најдоа Аргентина, Перу, Чиле и победникот од дуелот меѓу Канада и Тринидад и Тобаго. Што се однесува до групата Б силите ќе ги одмерат Мексико, Еквадор, Венецуела и Јамајка, а домаќинот САД ќе биде во Групата Ц заедно со Уругвај, Панама и Боливија.

Последната група Д ја сочинуваат Бразил, Колумбија, Парагвај и подобриот од бараж-пресметката меѓу Хондурас и Костарика.

ПретходноТен Хаг: Сите ми велеа дека нема да успеам со Јунајтед
СледноОстварување кое не е за пофалба: Тотенхем влезе во историјата на Премиер-лигата