Поради инцидент на тренинг: Вулверхемптон го отстрани Џони Ото од првиот тим до февруари

189

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон одлучи да го суспендира дефанзивецот Џони Ото, откако Шпанецот минатата недела беше вклучен во „инцидент на тренинг“. Нему нема да му биде дозволено да учествува во активностите на првиот тим до февруари 2024 година,.

Шпанецот сега ќе мора да работи сам или во младинскиот погон, како последица на инцидентот кој го предизвикал минатата недела.

Спортскиот директор Мет Хобс го потврди решението на клубот.

„Како што се информираа луѓето, минатата недела имаше инцидент со Џони и оттогаш имав еден разговор со него. Тој се извини, а ние ги наведовме нашите линии преку кои нема да поминеме. Се договоривме барем до крајот на јануарскиот преоден рок да не биде дел од првиот тим“, вели Хобс.

ПретходноМанекенка или тенисерка: Коко Гоф заработила трипати повеќе од реклами, отколку од тенис
СледноЏејмс се искачи на 3. место на вечната листа на поентери во Евролигата