Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (КФБ) Едналдо Родригез е сменет од функцијата откако судот во Рио де Жанеиро ги поништи одлуките донесени за време на генералното собрание во 2022 година, пренесува Ројтерс. Тогаш Родригез беше избран за четиригодишен мандат.
Привремен прв човек на КБФ ќе биде претседателот на Врховниот спортски суд во земјава, Хозе Пердиз, кој во рок од 30 дена ќе организира нови избори. Судот во Рио ја донесе одлуката по протестот на поранешните потпретседатели на организацијата, кои ги загубија своите позиции според договорот меѓу КБФ и обвинителството за изборниот процес. Овој договор беше прогласен за незаконски.
Интервенцијата на судот во Рио и поништувањето на одлуките на собранието од 2022 година може да доведе до казна од страна на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).