Лука Модриќ бесен, а Карло молчи: Не знам што направил!

2629

Реал Мадрид освои бод на гостувањето во Севиља против Бетис (1:1), а натпреварот го одбележа лутата реакција на хрватскиот играч Лука Модриќ по замената во 70. минута.

Тој го фрли шишето со вода, а потоа шутна на подот. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти тврди дека не знае што се случило: „Лука Модриќ? Немам поим што се случи“, изјави искусниот Италијанец.

Тренерот на Реал Мадрид по натпреварот истакна дека резултатот 1:1 бил апсолутно фер.

„Натпреварот беше многу добар, двете екипи одиграа одличен фудбал и резултатот е фер“, изјави италијанскиот стручњак и додаде:

“Работите не одат секогаш како што планирате. Многу е тешко да се игра на овој стадион. Веќе размислуваме за следниот натпревар. Тие постигнаа одличен гол и тоа е тоа. Задоволен сум, не можете секогаш да победувате “, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

ПретходноГерманките ги заковаа Србинките на дното
СледноИнтер со четири „парчиња“ во мрежата на Удинезе (ВИДЕО)